Зачестени и повторувачки респираторни инфекции кај пациенти со Дијабетес мелитус.

Во принцип, заразните (инфективните) заболувања се почести и/или  посериозни кај пациенти со дијабетес мелитус, што потенцијално ја зголемува нивната морбиморталност (смртност). Поголемата зачестеност на инфекции кај пациенти со дијабетес е предизвикана од хипергликемичната средина, која ја фаворизира имунолошката дисфункција (на пр., Оштетување на функцијата на неутрофилите, дисфункција на антиоксидантниот систем и хуморалниот имунитет), микро- и макро-ангиопатии, невропатија, намалување на антибактериска активност на урината, намалување на гастроинтестиналниот и уринарниот моталитет -опстукција и воопшто поголем број на медицински интервенции кај овие пациенти. Инфекциите влијаат (ги афектираат) на сите органи и органскисистеми. Некои од овие проблеми се забележани претежно кај дијабетичари, како што се инфекции на стапала, малигнен надворешни отитис, риноцеребрална мукоормикоза и гангренозен холециститис. Покрај зголемениот морталитет, пофторувачките инфекции често знаат да бидат првата симптомска манифестација на дијабетесот или преципитирачки фактори за компликации својствени на болеста, како што се дијабетична кетоацидоза и хипогликемија. 

Нерегулираното ниво на (глукоза) шеќер во крвта, води кон дисфункција на повеќе механизми на имуниот систем. Намалената мобилизација на леукоцитите, хемотаксијата, фагоцитозната активност, гликација на антителата и намалената секреција на интерлеукини од страна на мононуклеарните клетки и моноцитите се само дел од целокупната слика на имунокомпримитираните лица со дијабетес. Нерегулираното ниво на глукоза во крвта води кон гликација на протеините, каскадна реакција на неензимско, ковалентно врзување на глукозата со протеините, при што се менува нивната нативна функционална структура.

Комплемент

Системот на комплементот е еден од главните механизми на хуморалниот имунитет. Станува збор за серумски и површински протеини, чија главна функција е опсонизацијата и фагоцитозата на микроорганизмите од страна на макрофагите и неутрофилите. Воедно индуцира клеточна лиза на микроорганизмите. Понатаму, продуктите од активација на комплементот овозможуваат секундарен сигнал за активација на B – лимфоцитите и создавање на антитела. Иако во некои студии се забележува дефициенција на C4 компонентата во пациенти со дијабетес, се уште не се знае дали оваа редукција е поврзана со намалениот одговор кон цитокините.

Инфламаторни цитокини

Мононуклеарните клетки и моноцитите кај лицата си дијабетес, секретираат помалку интерлеукин – 1 (IL-1) и IL – 6 стимулирани од липополисахаридите. Повеќето студии посочуваат на фактот дека зголемената гликација може да ја инхибира продукцијата на интерлеукините од миелоидните клетки, како што и IFN- γ и TNF-α од Т – клетките. Гликацијата исто така може да намали експресијата на класа I МHC на површината на миелоидните клетки, со што се намалува и имунитетот.

Во контекст на ова, гликацијата на имуноглобулините кај пациентите со дијабетес е правопропорционално со зголемувањето на HbA1c, со што може да се наруши биолошката функција на антителата. 

Респираторни инфекции

Респираторните инфекции се одговорни за зголемен број на медицинско лекување ка лица со дијабетес, споредбено со оние без. 
Најчестите респираторни инфекции, поврзани со дијабетесот се предизвикани од Streptococcus pneumoniae и инфлуенца вирусот. Лицата си дијабетес имаат шест пати поголем ризик за потреба од хоспитализација за време на епидемија со инфлуенца. Дијабетесот исто така е чест ко-егзистирачка состојба и ризик фактор за компликации кај пациентите со H1N1 (пандемски инфлуенца вирус) инфекција. 
Амариканската асоцијација за дијабетес (ADA) и центарот за контрола на болести и превенција (CDC), заедно со СЗО препорачуваат вакцинирање со цел да се намалат морбидитетот и морталитетот асоцирани со вирусот.

Туберкулоза

Во 2009 – та година се дијагностицирани околу 9 милиони нови случаи на туберкулоза од кои 1.7 милиони лица починале од оваа инфекција. Пациентите со дијабетес се повисок ризик од заболување со туберкулоза. Некои студии укажуваат дека лицата со дијабетес имаат поголема шанса да развијат мулти – резистентна туберкулоза, при што се намалува ефикасноста на третманот и се зголемува инциденцата за смрт. Дополнително постоечкиот третман на туберкуклозата го зголемува метаболизмот на оралните антидијабетични лекови, што ја комплицира гликемичната контрола. Дијабетисот го намалува имуниот одговор (нарушена хемотаксија, фагоцитоза и антигенска презентација во одговорот на инфекцијата со Mycobacterium tuberculosis  и намалена функција и пролиферација на T – клетките). Поради сето ова се олеснува прогресијата на инфекцијата до симпотматично заболување.

×
×

Cart