SLIMCUT М-р Фани Гулевска, нутриционист.

Нашата моментална емоционална состојба е под директно влијание на тоа каква храна консумираме. Серотонинот, познат како хормонот за среќа, e заслужен за нашето добро расположение. Toj може да се зголеми со обилно внесување на јаглехидрати. Исто така, постојат бројни истражувања кои укажуваат на корисното дејство од внесувањето на омега-3 незаситени масни киселини, како и внес на витамини од Б групата во однос на нашето расположение.

Главно и најважно е нашата исхрана да биде разновидна и богата со нутриенти. Свежа храна и лесна храна која ги задоволува нашите билошки потреби. Со правилен дневен внес на сите хранливи материи ние се чувствуваме подобро, во истиот момент, но и на долг рок. Затоа редовно треба да внесуваме витамини, минерали и антиоксиданси, секако во балансирани количини. Ја препорачувам Медитеранската кујна, која опфаќа изобилство на свежо овошје и зеленчук, јаткасти плодови како бадеми и ореви, маслиново масло, риба, и умерени количини на црвено месо.

Освен начинот на исхрана, многу е важен холистичкиот пристап каде се грижиме и за менталното здравје, здрава и позитивна мисла, како и честа физичка активност која исто така го поттикнува доброто расположение со лачење на поголема количина ендорфин со што се создава позитивна емоција позната како Runner`s High.

Доколку имате недостаток од енергија и намалена продуктивност, обратете внимание на следниве работи:
1. Внимавајте на внесот на шеќерите. Премногу шеќер предизвикува флуктуации на шеќерот во крвта, што може да предизвика намалување на енергијата како и вртоглавици. Консумирајте храна со малку маснотии а повеќе протеини и витамини.
3. Еднa од најчестите причини на недостиг на енергија е дехидрираноста. И покрај тоа што сме дома, често забораваме да пиеме доволно. Погрижете се секогаш да имате чаша вода до Вас, особено во раните утрински часови, бидејќи организмот дехидрира во текот на спиењето.
4. Потребно е и почесто да најдеме време за себе, и да се дишиме правилно. Под тоа подразбирам дишење длабоко и од стомак – дијафрагма.
5. И сонот има важна улога во нашата продуктивност. Уморот се надоврзува на неквалитетното спиење, а влијае и на тоа колку добро можеме да се фокусираме.

6. Ние сме тоа што го мислиме. Да не заборавиме на силата на позитивните мисли. Позитивна енергија е предуслов за здрав и долг живот.

7. Особено сега, нашата физичка активност е значително намалена. Најдете начин да  бидете активни и да спортувате и од дома.
8. Емоционалната енергија произлегува и од неочекувани извори. Треба да правиме активности кои не прават среќни и полни со љубов, бидејќи љубовта е најголемата сила.

Нашата самодоверба зависи од тоа како изгледаме, но и како се чувствуваме, и телесната тежина не е единствениот фактор кој влијае на нашата самодоверба. Затоа во користиме холистичкиот пристап, и во најголема мера се грижиме за промената на свеста и навиките преку согледување нашата комплетна психо-физичка слика. Холистичка исхрана цели кон баланс на целиот организам, а резултатите се согледуваат на тоа како се чувствуваме и физички и психички.

Во овој современ свет за жал има голем фокус на брзата храна. Сите имаме време да подготвиме брз свеж оброк. Искористете ја оваа можност додека сме дома и имаме повеќе време, да стекнете здрави навики и да бидете во поголема контрола за тоа што внесувате во своето тело. Свесното консумирање на нерафинирана, непреработена и органска храна ќе влијае многу позитивно на тоа како изгледате но и како се чувствувате.

Накратко:

1. Јадете необработена храна, така како што ја добиваме од природата.

2. Секогаш избирајте органска храна, без пестициди, хербициди, антибиотици и хормони. 

4. Пијте повеќе вода.

5. Намалете го внесот на сол

6. Купувајте од локалните производители и јадете сезонски намирници.

7. Елиминирајте го белото брашно.

8. Јадете здрави масти.

9. Внимавајте на количината на храна која ја консумирате. Јадете умерено и редовно.

10. Додека јадете бидете смирени и мислете на убави нешта.

Напишете коментар

×
×

Cart