АЛОЕ ВЕРА И РЕСВЕРАТРОЛ – ВИСТИНСКИ ДАР ОД ПРИРОДАТА КОЈ ПОМАГА ВО РЕГУЛАЦИЈА НА ШЕЌЕРОТ И ГИ СПРЕЧУВА ОШТЕТУВАЊАТА НА ОРГАНИЗМОТ!

Гелот од Алое Вера  содржи неспоредливо голем број на нутриенти, витамини, минерали, антиоксиданси, ензими и други биоактивни молекули кои помагаат на многу аспекти на метаболисмот на човекот, вклучувајки го и метаболизмот н ајаглехидратите (шечерот). Покрај содржината на специфични минерали и витамини кои помагаат во функцијата на панкреасот и продукцијата на инсулин, алоето содржи сложени недигестибилни молекули на јаглехидрати (шеќери) кои дејствуваат како растителни влакна, успорувајки ја дигестијата на дигестабилните шеќери и нивната апсорпција со што превенираат оптеретување на крвотокот со гликоза и големи флуктации на гликозата во крвта во текот на денот.

Но, постојат и уште подиректни и научно докажани начини како алоето помага во регулацијата на шеќер. Истражувања кои се публикувани уште во далечната 1986 година покажуваат дека терапевската употреба на алое вера, не само кај животни туку и кај лица со диабетес допринела за значајно намалување на нивото на гликоза во циркулацијата, односно овозможило подобрување и регулација на гликемискиот статус на тестираните без дополнителни корекции на исхраната, само во рок од неколку дена! Дополнително на тоа, 2 понови студии објавени во 2016 јасно покажуваат дека користењето на гелот од листовите на алое вера (конкретно од билката Barbadensis Miler) довела до видно намалување  и регулација на нивоата на гликоза во состојба на гладување (мерење на гликемискиот статус кое се прави наутро на гладно). Покрај докажаното дејство од страна на алоето, вистинска поддршка за здравјето на лицата со предиебетес и диебетес доаѓа од екстрактот од грозје кој е одличен извор на ресвератрол. Ресвератролот е многу моќен антиоксиданс кој има научнодокажано повеќекратно дејство во повеќе студии и истражувања. Ресвератролот докажано помага да се подобри функцијата на бета клетките во панкреасот со што ја стимулира секрецијата на инсулин, а исто така ја зголемува чувствителноста на организмот, на клетките, кон инсулин, со што се зголемува дејството на инсулинот и ефикасноста на дистрибуцијата на шеќерот (гликозата) низ организмот. Дополнително и можеби уште поважно е дејствто на ресвератролот во превенција на оксидативниот стрес, односно штетите кои слободните радикали и гликациските продукти на шеќерот ги прават на крвните садови. Лицата со диабетес и нерегулиран шеќер се најподложни на оштетување на обвивката на крвните садови, што доведува до појава на висок крвен притисок, атеросклероза и други нарушувања на здравјето и функцијата на крвните садови, особено во очите, мозокот и бубрезите. Редовниот внес на ресвератрол ефикасно ги спречува тие оштетувања на ѕидовите на крвните садови и го одржува нивното здравје и функција.

Затоа, доколку сакате да ја подобрите регулацијата и контролата на шеќерот, да ги заштитите крвните садови и да ги превенирате компликациите и оштетувањата на органите што се јавуваат кај лицата со дијабетес, тогаш комбинацијата на Алое Вера со ресвератрол од БИОНАТУРАЛ е вистинско решение за вас. Гелот од Алое Вера со ресвератрол од БИОНАТУРАЛ можете да го нарачате овде, на ФБ, на 02/55 11 644, или купете ги во продажниот центар на ЕДШОП спроти Сити Мол (Манапо бр 2).

Подготвил: Сашко Дрвошански – нутриционист

Напишете коментар