ВАШАТА КОЖА БАРА ЗАШТИТА И ИСХРАНА, ДАЛИ ВАШАТА КРЕМА ТОА ГО ОБЕЗБЕДУВА?

Колку се грижите за здравјето и изгледот на кожата? Дали сте од оние кои забораваат на неа, необрнувајки многу внимание за овој „неважен“ орган, или пак се ужанувате при појавата на секоја брчка, дамка или црвенило на кожата и сте зависни од пробувањето и користењето на сите нови, достапни козметички препарати за нејзина нега? Денес и покрај тоа што на пазарот постојат огромен број различни средства за нега на кожата, сепак се почесто можат да се забележат различни видови на иритации, воспаленија и оштетувања на кожата. Првенствено, тоа се должи на токсичното оптоварување од средината, загадениот воздух и штетните атмосверски влијанија (димот од цигари и др.) кои ја прават кожата сува и склона кон воспаленија, односно појава на дерматитиси (егзема), осип и инфекции. Дополнително, многу препарати за нега на кожата содржат силни хемикалии кои го уништуваат заштитниот површински слој на кожата или ја нахрануваат само привидно – површински, без да обезбедат длабинска нега и хидратација.

Што бара нашата кожа? Начин како да ја заштитиме од штетните атмосверски влијанија (сончевите зраци, ветерот или токсините од воздухот), да ја заштитиме од патогените микроорганизми кои при оштетен површински слој лесно можат да предизвикаат воспаленија и инфекции и секако да и ги дадеме потребните нутриенти, вода, витамини и масла кои ќе ја одржуваат нежна, влажна и исхранета. Кожата бара природна нега! Таква нега и заштита носат природните, непроцесирани ладноцедени масла во составот на универзалниот, лековит мелем на БИОНАТУРАЛ. Мелемот на БИОНАТУРАЛ е направен само од пчелин восок и природни масла, не содржи никакви вештачки додатоци нити конзерванси, не содржи вода ни вазелин!

Тајната на заштитните и регенеративни својства на маслото се должат на специфичната комбинација на масла. Една третина од составот на универзалниот мелем на БИОНАТУРАЛ е ладноцеденото маслиново масло, кое со векови се користи за одржување на здравјето и нега на кожата. Богатството од витамин Е, полифеноли и олеинската омега 9 масна киселина, му даваат силно антиоксидативно, антимикробно и антивоспалително својство на маслиновото масло, кое ја хидрира и негува секоја кожа одржувајки ја млада и витална. Содржи и рицинусово масло кое е носител на рицинусовата киселина, која исто има докажани антивоспалителни својства, а помага и во навлажнување и омекнување на кожата. Многу важни во составот на мелемот се органските ладно цедени масла од семки од грозје, семки од малина и семки од јагода! Тие содржат есенцијални омега 3 и 6 масни киселини, силни антиоксиданси како витаминот Ц, Е, бета каротен и про-антоцијанидини, потоа минерали (калиум, калциум и железо) и скоро сите витамини од Б комплексот. Овие состојки во маслата ја штитат кожата од оксидативен стрес (штетите предизвикани од атмосверските влијанија – сонцето и воздухот) и ја стимулираат продукцијата на колаген, со што ја потхрануваат кожата, ја подобруваат нејзината структура и ја прават поеластична. Важно место во составот на мелемот зазема и маслото од невен кои има многу моќно антивоспалително и смирувачко дејство, докажано кај сите воспаленија, оштетувања или изгореници на кожата. Уникатна компонента на мелемот е маслото од мастиха кое се добива од смолата од дрвото Мастик, ендемски вид од островот Киос, кое има силно антисептичко, антимикробно дејство  и антивоспалително дејство со докажана ефикасност во уништување на многу познати патогени бактерии и габи предизвикувачи на инфекции во кожата или дигестивниот тракт.

Мелемот на БИОНАТУРАЛ е 100% природен и нуди единствена можност да се ослободите од сите иритации, осипи, црвенило и воспаленија на кожата. Редовната употреба на мелемот ја навлажнува, потхранува и регенерира дури и највоспалената кожа, со што ја враќа нејзината цврстина и еластичност спречувајки ја појавата на брчки. Природниот состав на мелемот и докажаниото заштитно и регенеративно дејство го прави одличен и за нега на нежната бебешка кожа.

Нарачајте го мелемот на БИОНАТУРАЛ овде на ФБ, на 02/55 11 644, или купете ги во продажниот центар на ЕДШОП спроти Сити Мол (Манапо бр 2).

Напишете коментар