ГЕЛОТ ОД АЛОЕ ВЕРА – ЕФИКАСНО РЕШЕНИЕ ЗА ГАСТРИТИСОТ И ВОСПАЛЕНИЈАТА ПРЕДИЗВИКАНИ ОД БАКТЕРИЈАТА ХЕЛИКОБАКТЕР ПИЛОРИ

Голем е бројот на луѓе кои се почесто се жалат на постојана нелагодност, болки и грчеви во желудникот,  како и нарушена дигестија како последици на Гастритис. Гастритисот или воспаление на обвивката на желудникот е состојба на ерозија односно губиток на гастричната мукоза (внатрешната епителна обвивка) која ги штити подлабоките слоеви и ткива на желудникот од дејството на желудочната (хлороводородна киселина), ензимите, токсините од внесената храна или патогените микроорганизми. Покрај несаканите тегоби, доколку остане нетретирано, ваквото нарушување на здравјето на желудникот може да помине во состојба на чир, па дури и рак на желудникот. Познато е дека нездравата и нередовна исхрана, пушењето, алкохолот и стресот претставуваат големи ризик фактори кои влијаат на појавата на гастритис, но денес науката потврдува дека патогената бактерија Хеликобактер Пилори е најчестиот директен причинител  за појавата на гатсритис и чир на желудникот. Стандардната медицинска терапија со употреба на антибиотици често не успева во целост да ја уништи оваа резистентна бактерија, која по кратко време може да се појави повторно, предизвикувајки повторни оштетување на желудникот.

Благодарение на својот исклучителен состав од нутриенти и специфични биоактивни компоненти, гелот од Алое вера има повеќекратно и многу ефикасно дејство не само во превенцијата, туку и во третманот на инфекцијата. Гелот од Алое Вера го надоместува дејството на желудочниот муцин (заштитна слуз што ја лачи желудникот), односно го обложува желудникот  со што го спречува оштетувањето на мукозата (неговата внатрешна обвивка) и другите ткива на желудникот. Воедно, аминокиселините и другите нутриенти во гелот од Алое вера овозможуваат побрза синтеза на колагенот и раст на епителните клетки, што придонесува за  подобра епитализација на желудникот, односно брза регенерација на оштетениот мукозен слој. Исто така,  со своето антиинфламаторно дејство гелот од Алое вера помага ефикасно да се намали севкупното воспаление на ткивото на желудникот и со тоа активно придонесува во намалување на болките и другите непријатни симптоми кои ја карактеризираат состојбата на гастритис. Дополнително, важно е да се истакне дека ензимите кои ги содржи гелот од Алое вера помагаат во разградување на надворешната обвивка (биофилм) на бактеријата што ја прави отпорна на антибиотската терапија или природните антимикробни препарати, додека антимикробното дејство на самиот гел помага и во уништувањето на самата бактерија.

Благодарение на сите овие различни аспекти на делување, редовниот внес на гелот од Алое вера како додаток во исхраната докажано и ефикасено превенира појава на гастритис и помага за побрзо и поуспешно лекување како на гастритисот така и на други акутни стомачни инфекции предизвикани од страна на бактеријата Хеликобактер Пилори или други патогени микроорганизми.

Подготвил: Сашко Дрвошански – нутриционист

Напишете коментар