Дали видот на бактериите во вашите црева се виновни за тешкото губање тежина?

Денес ви помагаме да дознаете

1.  Дали видот на бактериите во вашите црева се виновни за тешкото губање тежина?

2. Дали конзумирате расипано масло?

3. Нутритивни и здравствени придобивки на доматите?

Дали видот на бактериите во вашите црева се виновни за тешкото губање тежина?

Науката има потврдено дека кај дебелите луѓе во составот на цревната микрофлора доминираат бактерии од видот Firmicutes. Овие бактерии екстрахираат многу повеќе калории од дигестираната храна и ги

претворат во масти. Кај, слабите, односно кај луѓето со нормална

тежина доминираат бактериите од типот  Bacteroidetes. Исто така,

бактериите во цревата влијаат врз желбата за консумација одредени

типови храна, и со тоа може да влијаат врз зголемувањето на тежината.

Па така, одредени патогени бактерии што можат да ги колонизират цревата, а се хранат со процесирана и храна богата со шеќер, му сигнализираат на мозокот потреба за внесување на онаа храна (шеќери) која им е потребна за раст. Најновите студии покажуваат дека одредени „добри“ бактерии во цревата помагаат во напорите за слабеење. Затоа, за да ги поддржите вашите напори за регулирање на телесната тежина внесувајте

ферментирана храна богата со пробиотици, како природен кафир, јогурт, комбуха и ферментиран зеленчук. 

Дали конзумирате расипано масло?

Пролетта и летото се сезоните на свежи салати. Внесот на свежиот зеленчук и свежите зачински билки е одлично за нашето здравје, но колку една салата е добра и здрава за нас во голема мера зависи и од тоа какво масло користиме за нејзиниот прелив. Рефинираните или процесираните масла содржат про-инфламаторни состојки и генерално можат да делуваат и токсично, доколку ги внесуваме редовно. Спротивно на нив, ладно цеденото масло од маслинки, како и ладно цедените масла од семиња (тиква, сусам) или јатки содржат многу здрави нутриенти (есенцијални омега 3, 6 и/или 9 масни киселини, други полинезаситени масти, полифеноли (антиоксиданси), витамин Е и др.). Овие масла треба редовно да бидат застапени во секојдневната исхрана и исклучиво нив треба да ги користиме за подготовката на салати. Но, во текот на пролетта и летото сè почесто храната се подготвува на отворено и шишињата масло ги оставаме (ги забораваме!) отворени и директно изложени на сонце!!! Секогаш кога маслото ќе дојде во контакт со воздухот и е изложено на сончева светлина тоа оксидира и се расипува (што може да се почувствува и во променетиот, непријатен мирис). Оксидираните масла немаат никакви нутритивни придобивки и се лоши за нашето здравје (особено за кардиоваскуларниот систем). Затоа, доколку сакате да консумирате здраво масло секогаш трудете се да го чувате во добро затворено темно шише и во темен простор заштитен од светлина!

Нутритивни и здравствени придобивки на доматите!

Кромидот припаѓа на зеленчуците од родот Алиум (во кој влегуваат и лукот и празот). Овие зеленчуци и покрај силниот мирис и лут вкус се едни од најздравите зеленчуци за консумација. Кромидот има малку калории, содржи јаглехидрати (шеќери и доста растителни влакна), не содржи воопшто масти, а е богат со витамините Ц, Б6 и минералот манган. Главните здравствени придобивки доаѓаат од специфичниот состав на сулфурни соединенија и флавоноиди (полифеноли) кои се силни антиоксиданси. Сулфурните соединенија во кромидот се користат за продукција на најмоќниот внатрешен антиоксиданс, глутатион и неговите ензими кои се клучни за нашата детоксификација и функцијата на имуниот систем. Полифенолите, пред се антиоксидансот кварцетин, кој во кромидот го има во изобилство, помага во регулација на диајбетесот, спречуваат развој на тумори и малигно ткиво (рак), спречуваат појава на воспаленија и инфекции (посебно на уринарниот систем), ги спречуваат оштетувањата на крвните садови (спречуваат појава на атеросклероза, висок крвен притисок и др.) и ги одржуваат здрави и витални срцето, бубрезите и мозокот. Исто така, полифенолите во кромидот заедно со инулинот (пребиотик) кој го содржи, се важни за регулирање и балансирање на цревната микрофлора, регулирање на шеќерот и одржување на тежината. Сите овие карактеристики го прават кромидот едно од најздравите зеленчуци кои треба да бидат дел од нашата секојдневна исхрана!

НИЕ СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВАС

Со почит,

Сашко Дрвошански и     

Напишете коментар