ДАЛИ ВНЕСОТ НА ОБИЧЕН ЖЕЛАТИН МОЖЕ ДА ГИ ЗАДОВОЛИ ПОТРЕБИТЕ НА ОРГАНИЗМОТ ЗА КОЛАГЕН?

Неодамна ме сретна една комшика пред влезот и побрза да се пофали дека и таа пие колаген за проблемите со коленото. Слушала на телевизија дека е важен и дека ќе и помогне да се намалат болките. На прашањето како внесува колаген во организмот, таа веднаш одговори дека си купува од пазарче на рефус колку и треба, дека продавачите и рекле дека се е тоа едно исто колаген – желатин, нема разлика, а било која форма ќе помогне за обнова на зглобовите. После моето детално и стручно објаснување, таа иако малку разочарана за дотогаш загубеното време, сепак беше среќна  и рече дека понатаму ќе го набавува вистинскиот продукт.

Дали навистина колагенот и желатинот се едно исто и се подеднакво ефикасни во своето дејство на обнова на рскавиците и сврзното ткиво во организмот?

Во поглед на протеинскиот состав колагенот и желатинот се практично иста молекула (желатинот се добива при загревање  на колагенот и има способност за желирање). И колагенот и желатинот ја имаат истата молекуларна структура и композиција на аминокиселини кои човечкото тело може да ги скористи како градбени елементи за синтеза на колагенот во кожата, рскавиците или другите сврзни ткива во телото. Но, постои една многу важна разлика која треба да ја разберете! Протеините се најсложените молекули, кои во процесот на дигестија треба да се разградат до основните структурни компоненти, (единечни аминокиселини, или врски од две – дипептиди или три – трипептиди). Само во таква форма тие може да се апсорбираат во тенкото црево на човекот и да се искористат за повторна синтеза на потребните протеини. Кај многу голем дел од популацијата постојат потешкотии со дигестијата на сложените протеини, односно луѓето не можат во целост да ги разложат и искористат. Желатинот како многу сложена протеинска молекула (која вклучува поврзан ланец од над илјада аминокиселини) многу тешко се разложува во дигестивниот тракт на човекот и многу малку може да ги апсорбира. Но, доколку внесуваме колаген во хидролизирана форма (што значи веќе разложен на кратки пептиди кои се спремни за апсорпција во цревото) тогаш можеме во целост да ги искористиме потребните аминокиселини. Правените научни-медицински студии точно потврдуваат дека при внес на желатин, нема значителна промена на концентрацијата на потребните аминокиселини во циркулацијата, во крвотокот на човекот, додека при внес на хидролизирани колагенски пептиди измерени се значителни зголемувања на концентрацијата на пролин, хидроксипролин и глицин,клучните аминокиселини од колагенот кои во сврзното ткиво во рскавицата можат непречено повторно да ја изградат колагенската структура и со тоа да ја обноват рскавицата.

Затоа ние ви препорачуваме ХЕЛИКС Колаген, хидролизиран (разложен) тип 2 колаген кој целосно може да се апсорбира и да се искористи за обнова на рскавицата. Максималната дневна доза од 10гр на колаген, заедно со другите структурни протеини, минерали, витамини и антивоспалителни билки се ефикасни за краток период да го започнат процесот на обнова на рскавиците и ткивата во зглобовите. Затоа направете го вистинскиот избор – ХЕЛИКС Колаген. Нарачајте овде на ФБ, на 02/55 11 644, или купете ги во продажниот центар на ЕДШОП спроти Сити Мол (Манапо бр 2).

Напишете коментар