Дали ксеноестрогените влијаат на вашето здравје?

1.Дали ксеноестрогените влијаат на вашето здравје?

2. Дали сте свесни за присуството на арсен во храната?

3. Кои се нутритивните и здравствени придобивки на магдоносот?

Дали ксеноестрогените влијаат на вашето здравје?

Постојат 3 типа на естроген (естрон, естрадиол и естриол). Естрадиолот е доминантниот хормон за време на репродуктивниот период од животот и има најсилно дејство. Тој заедно со естронот ја стимулираат делбата на клетките и растот на ткивото, што кога е надвор од контрола може да биде опасно и дури да стимулира развој на малигно ткиво. Падот на хормоните кој доаѓа со стареењето придонесува за уште поголема доминација на овие форми на естрогенот, што може да создаде повеќе здравствени проблеми. Но, од друга страна пак, естриолот има заштитна улога. Со врзување на рецепторите на естроген тој спречува прекумерно врзување на другите два типа и со тоа го намалува ефектот на естрогена доминација. Фитоестрогените (ги има во некои растенија како ленот) дејствуваат како естриолот и ги спречуваат несаканите промени кои ги носи доминацијата на естрогенот. Ксеноестрогените се молекули кои се однесуваат точно како естронот и естрадиолот, а уште повеќе ја зголемуваат доминацијата на естрогенот и со тоа придонесуваат за поголем хормонален дисбаланс и нарушување на здравјето. За жал, ксеноестрогените се насекаде околу нас. Многу хемикалии кои се користат во козметиката, средствата за хигиена или чистење како и адитиви и конзерванси во храната претставуваат ксеноестрогени. Бисфинол А, е најпознатиот ксеноестроген кој се среќава скоро во сите пластични садови и шишиња, козматика и средства за хигиена или чистење.

Дали сте свесни за присуството на арсен во храната?

Арсенот е класифициран како канцерогена супстанција што може да предизвика сериозна токсификација на организмот, придонесува за создавање канцер, а може и да предизвика оштетување на централниот нервен систем и на други органи. Истражување спроведено на глобално ниво во 2012 г. покажало дека некои земјоделски култури, зеленчук, овошје и житарки, се високо контаминирани со арсен. Највисока контаминација се јавува кај оризот. Еве неколку природни решенија за намалување на штетното влијание на арсенот од оризот:

– Темелно исплакнете го оризот неколку пати пред варењето и варете го исто како тестенините (во голема количина вода која на крај ќе ја исцедите). Тоа ја намалува концентрацијата на арсен до 50%;

– Заменете го белиот ориз со кафен или најдобро црн ориз, што е најмалку контаминиран. Некои видови басмати ориз од специфични региони во светот исто покажале ниско ниво на контаминација. Оризот можете да го замените со киноа, просо или друга житарка, но внимавајте на безглутенските производи во кои оризот често се користи како замена за пченицата;

– Бидете внимателни со сирупот од кафен ориз (засладувач) како и со

млекото од ориз, бидејќи и тие може да бидат контаминирани.

Нутритивни и здравствени придобивки на магдоносот!

Магданосот е исклучително нутритивна и лековите билка која често е потценета. Таа е еден од најдобрите извори на витамин К, неопходен за правилна коагулација на крвта, одличен извор е на витамин Ц, а содржи и витамин А, Б9 (фолна киселина), како и мали количини од сите важни минерали. Познат е и како диуретик, со што помага во регулација на високиот притисок и детоксифицира. Но, уникатните придобивки на магданосот произлегуваат од маслата што ги содржи (миристинско, лимонско и други) и секако биофлавоноидите (антиоксидантни молекули како зеастаксантинот и лутеолинот). Студиите покажуваат дека миристинското масло го спречува формирањето и растот на туморот, ја стимулира активноста на најсилниот антиоксидант – глутатионот и може да ги неутрализира ингестираните или инхалираните канцерогени честички. 

Лутеолинот е силен антиоксиданс, особено ефикасен во превенција и третман на дегенеративните процеси  на макулата на окото.

НИЕ СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ВАС

Со почит, Сашко Дрвошански и     

Напишете коментар