КАКО ДА ЈА ОДРЖУВАМЕ КОЖАТА ЗДРАВА, НЕГУВАНА И БЕЗ БРЧКИ?

Секоја жена сака здрава, негувана и мазна кожа без брчки. Сувиот и безживотен изглед на кожата, нејзиното опуштање и појавата на брчки се нормална последица на стареењето на организмот и  слабата заштита, односно долгорочната изложеност на кожата на лоши надворешни влијанија. Студот, ветерот, токсините од воздухот, како чадот на цигари и други, а пред се и над се ултравиолетовите зраци од сонцето постојано ја оштетуваат колагенската структура на кожата, која е одговорна за нејзината цврстина и еластичност. Едноставно, токсините од воздухот и сонцето предизвикуваат оксидативен стрес – оштетувања на клетките од кожата, а особено на колагенот во кожата. Како што старееме, со годините доаѓа до значително намалување на продукцијата на колаген во длабоките слоеви на кожата. Така, во услови на континуирана изложеност на штетни атмосверски влијанија, кожата не може да ја обнови својата колагенска структура, што доведува до пропаѓање на слоевите навнатре, формирање на брчки и нивно постепено продлабочување. Штетните надворешни влијанија од воздухот, заедно со прекумерната употреба на антисептични и абразивни средства за хигиена, придонесуваат за оштетување на надворешниот заштитен слој на кожата, што од една страна доведува до лесно губење на влагата од кожата, а од друга страна ја прави кожата подложна на инфекции и воспаленија предизвикани од различни микроорганизми.

Одржувањето на здрава и негувана кожа со младешки изглед и не е толку тешко, само треба да се знае како? Прво, потребно е да се обезбеди заштита на кожата од оксидативниот стрес (оштетувањата кои токсините од воздухот и сончевите зраци ги предизвикуваат) а потоа потребно е да се обезбедат потребните нутриенти, вода, масни киселини и други состојки кои ќе ја хидрираат водата, ќе ги обноват клеточните мембрани и ќе ја зголемат продукцијата на енергија и регенерацијата на клетките од различните слоеви на кожата. Мелемот на БИОНАТУРАЛ е направен само од пчелин восок и природни масла, е навистина ефикасно, целосно природно решение за одржување на младиот витален изглед на кожата на секоја возраст! Уникатната комбинација на 7 ладноцедени и органски масла, како ладноцедено маслиново масло, масло од рицинус, масло од невен, масла од семки од јагоди, малини и грозје и масло од смолата мастиха (која се добива од дрво кое расте само на Грчкиот остров Киос), витамин Е и пчелин восок ги обезбедува сите состојки потребни за нега на кожата. Мелемот на БИОНАТУРАЛ претставува богатство на омега 3, омега 9  и други важни масни киселини, витамини Ц, Е, и Б, минерали, калиум, калциум и железо, антиоксиданси како бетакаротен и проантоцијанини и други фитонутриенти кои обезбедуваат целосна грижа за кожата. Во текот на летото антиоксидансите во мелемот (како витаминот Е, Ц, бета-каротенот и проантоцијанидините во специфичните масла) ја штитат кожата од долгата изложеност на штетните УВ зраци на сонцето, а воедно есенцијалните масни киселини, ја хидрираат, хранат и негуваат. Во текот на зимата мелемот ја чува кожата од оксидативниот стрес предизвикан од загадениот воздух и сушењето кога го предизвикува ветерот и ладното време. Мелемот на БИОНАТУРАЛ го поттикнува обновувањето на оштетените клетките на епидермисот, површинскиот слој на кожата, истовремено потхранувајки ја длабински и активирајки го нејзиниот природен одбрамбен механизам кој ја штити од инфекции предизвикани од патогени микроорганизми. Редовната употреба на мелемот овозможува ефикасна заштита на колагенската структура на кожата, ја навлажнува, потхранува и ја регенерира, одржувајки ја нејзината цврстина и еластичност со што се спречува појавата на брчки.

Нарачајте го мелемот на БИОНАТУРАЛ на ФБ, овде на нашата страна, на 02/55 11 644, или купете ги во продажниот центар на ЕДШОП спроти Сити Мол (Манапо бр 2).

Напишете коментар