КАКО ЕНЗИМИТЕ ОД АЛОЕ ВЕРА ПОМАГААТ НА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ?

Со стареењето доаѓа до постепено намалување на секрецијата и концентрацијата на дигестивни ензими што полека доведува до појава на проблеми со дигестијата на храна и хронични тегоби во стомакот. Доколку нема оптимална концентрација на потребните ензими во дигестивниот тракт, храната не може правилно, целосно и навремено, да се разложи до основните структурни компоненти кои ќе се апсорбираат и искористат за потребите на нашиот метаболизам. Покрај тоа што нарушената дигестија го блокира внесот на потребните нутриенти, недигестираната храна во дигестивниот тракт може да ферментира, создавајки гасови и оставајки простор за развој на патогени микроорганизми, кои можат да бидат многу опасни по здравјето. Покрај дигестијата на храна, ензимите играат витална улога во контрола и регулација на скоро сите метаболни процеси, овозможувајки ги метаболните реакциите во нашето тело. Во таа насока, недостатокот на ензими во човечкиот организам, со тек на стареењето, е исто така причина за зголемена акумулација на клеточен отпад во меѓуклеточниот простор, акумулација на токсини и метаболни отпадни продукти во циркулацијата и активација на воспалителни процеси во ткивата и органите.

Гелот од Алое Вера е редок дар од природата кој содржи широк спектар на ензими во својот состав. Многу малку продукти во природата содржат активни ензими во својот состав, но практично нити еден не може да се спореди со гелот од Алое Вера кој содржи дури 16 активни ензими како амилаза, протеаза, целулаза, липаза, брадикиназа, пероксидаза и др. Ваквата комбинација на ензими помага во дигестијата на сите видови на нутриенти од храната, јаглехидратите (шеќерите), протеините и мастите со што овозможува оптимална апсорпција и искористување на нутриентите потребни за одржување на нашето здравје. Притоа помага и во дигестија на одредени молекули кои човечкиот организам самостојно и не може да ги разгради, како на пример целулозата која може да создаде гасови и проблеми во стомакот кај многу луѓе. Но, можеби уште поважно е тоа што ензимите во составот на гелот од Алое Вера, посебно кога ќе се внесат во организмот во услови на празен желудник и ќе можат непречено да влезат во циркулацијата, значително помагаат во разградување и деактивирање на бројни токсични соединенија, отпадни продукти на метаболизмот, како од циркулацијата, така и од самите ткива. Ензимите во гелот од Алое Вера помагаат да се спречи насобирањето на клеточен отпад и со тоа да с еодржува кисело-базната рамнотежа во клетките и ткивата. Истотака овие ензими помагаат во уништувањето на одредени инфламаторни молекули, како и антитела кои можат да предизвикаат воспаленија и оштетувања на различни ткива и органи. Затоа внесот на Гелот од Алое вера се препорачува при сите акутни или хронични воспалителни состојби во организмот, воспаленија на поедини органи, воспаленија на мускулите дури и воспаленија на рскавицата и зглобовите, карактеристични за состојбите на остеоартритис и ревматоиден артритис.

Затоа, доколку сакате да ја подобрите дигестијата на храна и да ј апомогнете работата на органите од дигестивниот систем, желудникот, цревата и секако црниот дроб, притоа заштитувајки ги од воспаленија и инфекции додадете го гелот од Алое Вера од БИОНАТУРАЛ на вашата исхрана. Единствен 99,5% екстракт од Алое Вера со ресвератрол – моќен антиоксидант кој го штити организмот од оксидативниот стрес. Гелот од Алое Вера од БИОНАТУРАЛ можете да го нарачате овде, на ФБ, на 02/55 11 644, или купете ги во продажниот центар на ЕДШОП спроти Сити Мол (Манапо бр 2).

Подготвил: Сашко Дрвошански – нутриционист

Напишете коментар