РЕСВЕРАТРОЛ – ТАЈНАТА НА ФРАНЦУЗИТЕ ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ!

Што е она што прво ви доаѓа на памет кога ќе се споменат Французите и нивниот начин на живот. Верувам ќе се сложите дека сите веднаш помислуваме на кроасани, еклери, слатки, многу путер, вкусни гурмански јадења и секако добро вино. Дали можеби сте се запрашале како е можно и покрај ваквата висококалорична храна, полна со многу заситени масти од животинско потекло и многу шеќер Французите се нација со најниска стапка на смртност како последица на инфаркт и мозочен удар? Тоа е познатиот Француски парадокс!

Французите имаат една тајна, или традиција која ја негуваат, а овозможува добро здравје на кардиоваскуларниот систем и покрај нивната препознатлива исхрана. Грозјето кое редовно го конзумираат и секако црвеното вино содржат едно моќно соединеније, антиоксиданс познат под името ресвератрол. Ресвератролот е полифенол, пигмент кој ја дава бојата на лушпата на темно обоеното грозје, кој има силни, научно докажани дејства на превенција на оксидативниот стрес во крвните садови и насекаде во нашиот организам.

Повеќе студии потврдуваат дека ресвератролот ги спречува штетите кои слободните радикали (токсините кои ги внесуваме од животната средина или храната) и високите, нерегулирани нивоа на шеќерот ги прават на крвните садови. Со неутрализирање на слободните радикали ресвератролот го спречува оштетувањето на васкуларниот ендотел – првата, внатрешна обвивка на крвните садови. Со тоа ресвератролот превенира губење на функцијата на оваа важна обвивка која го регулира крвниот притисок и која е клучна за заштитата од атеросклероза и стеснување на квните садови. Потврдено е дека ресвератролот во крвните садови го спречува оксидирањето на ЛДЛ холестеролот, кој во такви услуви може да навлезе под епителните клетки и да направи атеросклеротски плак и стеснување на крвниот сад и протокот на крв. Исто така, ресвератролот ја подобрува секрецијата и ефикасноста на инсулин со што помага во подобра регулација на нивоата на шеќер во крвотокот, исто така за спречување на оштетувања на крвните садови.

Сите овие механизми на делување го прават овој моќен антиоксиданс ваш најдобар сојузник во одржување на здравјето на крвните садови, односно превенција на атеросклероза и стеноза(стеснување) на крвните садови, хипертензија, тромбоза со што се превенира и инфаркт на срцевиот мускул и мозочен удар. Единствено на нашиот пазар гелот од Алое Вера на Бионатурал е збогатен со ресвератрол (900мг на 10мл алое, или концентрација која овозможува дневен внес на околу 3000мг ресвератрол). Оваа комбинација на ресвератрол, со многукратните здравствени придобивки на алоето се најдобрата комбинација за здраво срце и крвни садови. Гелот од Алое Вера со ресвератрол од БИОНАТУРАЛ можете да го нарачате овде, на ФБ, на 02/55 11 644, или купете ги во продажниот центар на ЕДШОП спроти Сити Мол (Манапо бр 2).

Подготвил: Сашко Дрвошански – нутриционист

Напишете коментар