СЕ ЧУВСТВУВАТЕ УМОРНИ, БЕЗ ЕНЕРГИЈА СО ДИСБАЛАНС НА ШЕЌЕРИТЕ И МАСТИТЕ – ПРИЧИНИТЕ ПОБАРАЈТЕ ГИ ВО ЦРНИОТ ДРОБ

Дали постојано се чувствувате заморени, без енергија, со успорен метаболизам? Имате проблем со регулирање на тежината и хронични дисбаланси на мастите, шеќерот  или хормоните во крвта?

Сите овие симптоми јасно укажуваат со проблеми  во функцијата на црниот дроб! Нашата главна лабораторија, орган задолжен да ја чисти крвта од сите токсини и да ги регулира мастите. Дали знаете дека замастувањето на црниот дроб е едно од најчестите и за жал најпотценувани заболувања на денешницата! Светската организација за гастроентерологија јавува дека во просек дури 1/5 од светската популација страда од стеатоза или замастување на црниот дроб што не е поврзана со консумацијата на алкохол! Без соодветен третман ова состојба лесно може да прогресира до сериозни форми на цироза па дури и рак на црниот дроб – што можат да бидат фатални! Доколку секојдневно земате лекови за хронични заболувања, конзумирате брза, висококалорична и процесирана храна или алкохол, тогаш несвесно го оптеретувате црниот дроб, а неговата намалена функција го успорува метаболизмот и сериозно го загрозува здравјето на кардиоваскуларниот систем и другите органи!

Науката денес потврдува дека неопходната, стандардна медицинска терапија за контрола на многу хронични заболувања, (како лековите за срце, притисок, антибиотиците, синтетичките хормони, кортикостероидите и други анти-инфламаторни лекови) сепак содржи силни хемикалии кои на долг рок сериозно го оптеретуваат и оштетуваат црниот дроб! А денес, сите ние сме под зголемено оптеретување од токсини од воздухот или храната (пестициди, остатоци од тешки метали, индустриски хемикалии, конзерванси и адитиви). Нашиот црн дроб не може оптимално да ја врши својата работа и бара поддршка.

Покрај регулирањето на исхраната и внесот на минерали, витамини и антиоксиданси кои ги помагаат детоксификациските процеси на црниот дроб, неопходна е поддршка која ќе помогне ефикасно да се врзат многубројните токсини и да се исфрлат од организмот надвор.Глукуронската киселина се вбројува во ретките и специјални молекули кои во црниот дроб можат да ги врзат токсините (од средината, како тешки метали, пестициди, конзерванси или хемикалии од лековите) и преку жолчната секреција да ги исфрлат од организмот. Дознајте кој е најефикасниот природен препарат, извор на глукуронска киселина која дава одлична подршка на работата на црниот дроб и овозможува чистење на крвта од сите токсини?

Напишете коментар